Агенциите ќе наплаќаат фиксна провизија при продажбата на станови

Bez autora
Oct 27 2014

Процентот на провизијата што агенциите за недвижности го наплаќаат при продажба или изнајмување станови да биде фиксно регулиран со закон, како и тоа дали овој трошок ќе падне врз грбот на продавачот или купувачот. Ова е една од одредбите содржана во работниот текст на законското решение за посредување во промет со недвижности, на кој подолго време работи Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија. Во моментов, агенциите за недвижности наплаќаат различна провизија, која најчесто изнесува од два-три отсто од вредноста на продадениот имот. Kога станува збор за изнајмување, провизијата најчесто е еднократна исплата на половина или цела сума од договорената кирија. Овој трошок, по договор, го плаќа или продавачот или купувачот.

Агенциите ќе наплаќаат фиксна провизија при продажбата на становиПроцентот на провизијата што агенциите за недвижности го наплаќаат при продажба или изнајмување станови да биде фиксно регулиран со закон, како и тоа дали овој трошок ќе падне врз грбот на продавачот или купувачот. Ова е една од одредбите содржана во работниот текст на законското решение за посредување во промет со недвижности, на кој подолго време работи Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија.

Во моментов, агенциите за недвижности наплаќаат различна провизија, која најчесто изнесува од два-три отсто од вредноста на продадениот имот. Kога станува збор за изнајмување, провизијата најчесто е еднократна исплата на половина или цела сума од договорената кирија. Овој трошок, по договор, го плаќа или продавачот или купувачот.

Агентите за недвижности сметаат дека законското решение ќе придонесе за намалување на нелојалната конкуренција меѓу агенциите и ќе се спречат измамите на граѓаните. Овој закон ќе се однесува само на продажбата на недвижности преку посредник, а не и на изградените објекти што ги продава инвеститорот или на имотот што го продава самиот сопственик. Групацијата на агенции за недвижности веќе го испратила работниот текст на законот до неколку надлежни министерства, кои се согласиле дека е неопходно да се донесе законско решение со кое се регулира работата на агенциите за недвижности.

Основна цел на законското решение е да се уреди работењето на агенциите за недвижности, дејност што кај нас не е законски регулирана. Групацијата предлага агентите за недвижности да поминуваат соодветни курсеви и обуки, а продажбата да може да се одвива само преку лиценцирани агенции. Притоа, за да може да се отвори агенција, потребно ќе биде таа да има најмалку двајца вработени со соодветна лиценца. Сега секој граѓанин што ќе се регистрира како трговец-поединец може да посредува при продажба и издавање недвижности, без разлика дали има квалификации за тоа, а како агенти работат лица со различно образование.

- Агенциите за недвижности и тоа како имаат интерес од носењето ваков закон. Тој ќе придонесе да се регулира дејноста, да се зголеми бројот на пријавените работници во овој сектор, како и да се спречи работењето на диво. Воведувањето лиценци значително ќе го подобри квалитетот на услугите што им се нудат на граѓаните - велат од Групацијата на агенции за недвижности.

Токму поради фактот што не постои закон со кој се регулира работењето на агенциите за недвижности, не се знае колку ги има во земјава. Процените се дека работат од 180 до 200 агенции, но бројката не може прецизно да се одреди бидејќи некои од нив, освен за посредување при продажба, регистрирани се и за друга дејност.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik